Студија: Жените најчесто изневеруваат на оваа возраст

Фото: Profimedia

Студија, направена во Холандија, покажа дека околу 15 проценти од жените во брак ги изневериле своите партнери барем еднаш, додека околу 20 проценти од мажите го направиле истото.

Успешните жени со високи примања се поподготвени да флертуваат со спротивниот пол и да го искористат својот женски шарм во комуникацијата со мажите, а истражувачите веруваат дека причината за тоа е нивната поголема самодоверба и полибералните ставови во споредба со жените кои се воспитани во традиционален „дух“ и кои имаат послабо платени професии.

„И кај жените и кај мажите, моќта делува како афродизијак. Исто така, погрешна е претпоставката дека жените се чувствуваат повиновни поради прељубата или дека се каат за тоа“, вели водачот на студијата, проф. Јорис Ламерс од Универзитетот во Тилбург.

Религиозноста и моралните верувања не се ни приближно толку поврзани со подготвеноста на поединецот да го изневери својот постојан партнер како се можностите и моќта.

Дополнително, истражувањата утврдиле дека раните триесетти години се најчестата возраст на која жените изневеруваат. Истражувачите тоа го објаснуваат со намалената плодност кај жените и со фокусирање на сексуалните аспекти на врските, според кои мажите не се оценуваат според принципот „дали тој ќе биде доволно добар татко за моите деца“.

Британската колумнистка Дијана Еплјард нагласи дека сè уште постојат различни мислења за машкото и женското изневерување во општеството. Со други зборови, додека мажот е, речиси, секогаш оправдан со посилниот сексуален нагон, искористувањето на шансата, па дури и со тоа дека „жената го завела“, жените кои изневеруваат се прогласени за пресметани и нечувствителни, како и „уништувачи“ на семејства.

Кога станува збор за изневерувањето, Еплјард смета дека полот и образованието на човекот се помалку важни во споредба со карактерот и можноста која му е достапна на човекот, а мотивот за изневерување, најчесто, е себичност и краткотрајно задоволство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот