Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени на повеќе локации низ градот

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Жителите на Струмица и шест населени места во рамки на општината ќе се снабдуваат со вода преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, обезбедени се и 25 канистери со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот.

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

– Канистерите за вода за пиење ќе бидат поставени кај Градската болница, резервоарот на „Свети Петнаесет“, Амфитеатарот во Градскиот парк, улица „24 Октомври“ (поранешна дирекција на „Комуналец“), булевар „Климент Охридски“ (Дирекција на „Комуналец“), а по два часа во текот на денот ќе има поставени канистери на повеќе локации во градот – соопшти струмичкото комунално претпријатие.

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Веќе петти ден, водата во струмичкиот водоснабдувачки систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Во шесте населени места – Дабиле, Градско Балдовци, Водоча, Просениково, Баницаи Добрејци вода за пиење ќе има од 7 до 19 часот.

Од „Комуналец“ информираат дека на сите места квалитетот на водата за пиење во секој канистер редовно ќе се контролира од акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје – Струмица.

АХВ забрани да се пие водата од струмичкиот водоснабдителен систем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот