Струмица поразена и во вториот натпревар со Олимпијакос

Фото: VC Strumica

Maкедонскиот одбојкарски шампион, Струмица со 3:0 загуби во реванш натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите.

Сепак, за разлика од натпреварот на домашен терен струмичани денеска се прикажаа во подобро издание. Во првиот меч Олимпијакос буквално ја прегази Струмица, но денеска одбојкарите на македонскиот тим подобро парираа на големиот фаворит.

Првиот сет Олимпијакос го доби со 25:19, а во вториот освои 17 поени, додека третиот одигра најрамноправно и резултатот гласеше 25:21.

Најрасполжен во редовите на Струмица беше Стојан Илиев кој освои 12 поени, Волков и Владо Милев имаа по девет, додека Атанасијевиќ за Олимпијакос освои 19 поени.

Со овој пораз Струмица го заврши настапот во Лигата на шампионите, но продолжи во ЦЕВ купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот