Страотна експлозија на бензинска пумпа во Дагестан, меѓу десеттемина загинати има и деца

Десет луѓе загинале денеска во експлозија на бензинска пумпа во руската република Дагестан, а меѓу жртвите се и две деца, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Експлозијата се случила пред регионалниот главен град Махачкала, по што избувнал пожар кој бил ставен под контрола од страна на 120-те ангажирани спасувачи и пожарникари. Уште десетина луѓе се повредени, пишува во соопштението објавено на Телеграм.

Осуммина од повредените се во болница, а еден од нив е во тешка состојба, изјави претставник на Министерството за здравство за руските новински агенции.

Дагенерго, регионалниот енергетски оператор, објави дека експлозијата оштетила „енергетски капацитети“ и дека снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато во околните области.

Надлежните институции отворија кривична истрага за утврдување на околностите на инцидентот.

Лани во август, во експлозија и пожар на бензинска пумпа во предградие на Махачкала, загинаа 35 луѓе, а 119 беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот