Стотина лица уапсени во Турција за грабежи или измами на жртвите од земјотресот

Фото: Твитер

Турските безбедносни сили вчера уапсиле најмалку 98 лица за наводно ограбување оштетени згради или измама на жртвите од разорниот земјотрес, јави турската државна новинска агенција „Анадолија“.Според безбедносни извори, кои побарале да останат анонимни „поради медиумски ограничувања“, најмалку 42 осомничени се под истрага во јужната турска провинција Хатај поради ограбување оштетени згради, јави агенцијата.

Уапсени се најмалку 40 осомничени, а безбедносните тимови заплениле шест парчиња оружје, три пушки, накит, банкарски картички, 11.000 долари и 70.000 турски лири (околу 3.700 долари) во готовина, објавија државните медиуми.

Уапсени се уште две лица откако се претставиле како хуманитарни работници и наводно се обиделе да ограбат шест камиони со храна за жртвите од земјотресот во провинцијата Хатај, соопшти агенцијата.Најмалку шест лица се уапсени и во Истанбул поради наводна телефонска измама на жртва на земјотресот во јужен Газиантеп.На друго место во земјата, десетици други осомничени биле уапсени за наводни грабежи во области погодени од земјотресота.

Според турската агенција, осомничените се уапсени во најмалку осум провинции, вклучувајќи ги Кахраманмарас, Хатај, Адијаман, Малатија, Османије, Адана, Газиантеп и Шанлиурфа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот