Стопанската комора на РСМ на бизнис дружење со членките

Фото: Стопанска комора

Стопанската комора на Северна Македонија, организираше бизнис дружење со членките, со цел преку неформална средба, да се разменат искуства, дилеми, предизвици со кои се соочуваат компаниите.

Во комплексот Белви во Скопје се собраа претставници на повеќе од 50 најголеми, најуспешни и најлојални членки на Комората, дел од членките на Управниот и Надзорниот одбор на Комората, Советот на странски инвеститори. Тие со вработените во Комората имаа можност за бизнис и неформално дружење кое излегува од деловната форма.

Во групата успешни компании членки, секогаш има најуспешни и токму на таквите им беше оддадена посебна благодарност. На трите први компании им беше подарена по една уметничка слика од вработени во Комората кои во слободно време се занимаваат со сликарство. Уметнички слики им беа подарени на РЕК Битола, ЕВН Македонија и македонски телеком.

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески/ Фото: Стопанска комора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот