Стопанска комора почнува со активностите „За посилна македонска економија во периодот на постковид 19″

Со прес-конференцијата „Македонската економија во тековниот период и во постоковид 19 периодот” што ќе се одржи денеска во Велес, Стопанската комора на Македонија ја почнува промоцијата под мотото „За посилна македонска економија во постковид 19 периодот”.

Во рамки на промоцијата, до крајот на декември ќе се реализираат повеќе коморски настани.

На темата „За посилна македонска економија во периодот на постковид 19″ е изготвена и брошура.

На денешната прес-конференција во Велес е најавено обраќање на проф. д-р Кочо Анѓушев, коосновач и извршен директор на компанијата „Брако” и потпретседател на Стопанската комора на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот