Сто години од раѓањето на Марлон Брандо: Пет интересни факти кои не сте ги знаеле за него

Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Еден век по неговото раѓање, Марлон Брандо сè уште го ужива универзалниот статус на неповторлива филмска ѕвезда, актер кој направи револуција во седмата уметност, ги сруши претходните столбови на актерството и изгради нешто уникатно. Брандо беше еден од најпознатите и највлијателните актери од втората половина на 20 век. Првиот филм „Луѓе“ го сними кога имаше само 26 години, а вториот „Трамвај наречен желба“ му донесе голем успех и препознатливост во Холивуд. Го паметиме и како легендарниот Корлеоне во „Кум“, а неговата изведба во „Последното танго во Париз“ се смета за култна.

Еве пет интересни факти за неговиот живот кои можеби не сте ги знаеле:

Бил избркан од две училишта

Брандо бил избркан од средно училиште, наводно поради возење мотоцикл низ ходникот, што го принудило неговиот татко да го испрати на воената академија Шатак во Фарибо, Минесота. Брандо напишал дека таму една ноќ се искачил на камбанаријата, го отстранил ѕвоното тежок 150 килограми, па го закопал на речиси 200 метри од местото. Брандо тогаш организирал комисија за да се открие кој е одговорен. Тој никогаш не бил фатен, но сепак бил избркан поради други прекршоци. После тоа, во пролетта 1943 година, тој се преселил во Њујорк да живее со својата сестра во Гринич Вилиџ.

Работел како оператор на лифтови

Во Њујорк, Брандо работел како оператор на лифтови во позната стоковна куќа. Во „Брандо: Песни кои ме научи мајка ми“, тој напиша дека покрај оваа работа тој работел во исто време и како келнер, готвач и во сендвичара. Брандо бил и ноќен чувар во фабрика.

Си го скршил носот за време на изведба на „Трамвајот наречен желба“

За да ја ублажи здодевноста од играњето Ковалски на сцената, во тоа време, повеќе од една година, Брандо почнал да се бори со еден од техничките асистенти , кој бил аматерски боксер позади сцената. Тој бил претпазлив додека се борел Брандо, но актерот инсистирал да се борат вистински. Тогаш асистентот со ударот му го скршил носот и му направил модринки на очите. Удрен со тупаница во лицето и со крвавење од носот, Брандо веднаш се вратил на сцената.

Си купил приватен остров

За време на снимањето на „Побуна на бродот Баунти“ (1962), Брандо првпат го виде Тетиароа, мал крушен остров од околу 6 квадратни метри лоциран на околу 50 км северно од главниот остров на Тахити. Шест години откако се воодушевил од него, го купил. Денес, фунцкионира како одморалиште: Брандо.

Работел само еден ден на филмот „Страшен филм 2“

На Брандо му платиле 2 милиони долари за да биде свештеник во „Страшен филм 2“, но морал да се откаже откако бил хоспитализиран поради пневмонија.  Шон Вејанс тогаш изјави дека Брандо навистна сакал да ја заврши улогата, но постојано имал маска за кислород. Брандо дури имал и помошник кој му ги читал на уво неговите реплики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот