Стихозбирката „Врне ли, врне“ од Ристо Лазаров ја објави книгоиздателството „Матица“

Ристо Лазаров / колаж

Книгоиздателството „Матица“ ја објави стихозбирката „Врне ли, врне“ од поетот Ристо Лазаров, негова 39-та поетска книга со која се одбележуваат 75 години живот на авторот (3 октомври) и 50 години творештво.

„Најновата книга на Лазаров содржи вкупно 75 песни поместени во десет циклуси. Авторка на поговорот е Лидија Капушевска-Дракулевска, која посебно ја истакнува асоцијативноста на книгата. ’Стилската разиграност на поетскиот дискурс на Лазаров‘, пишува Капушевска-Дракулевска, ’во интеракција со шареноликиот тематски потход, одат во прилог на космополитизмот на книгата. Поетскиот немир не е никогаш само и единствено личен, колку и да тргнува од индивидуалното искуство, а поетскиот глас е глас на целото‘“, наведува „Матица“ во соопштението за новата книга на Ристо Лазаров.

Ристо Лазаров е роден на 3 октомври 1949 година во Штип, Република Македонија. Дипломирал југословенска книжевност и македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе книги поезија, огледи, есеи и публицистички трудови. Објавени му се и „Избрани дела“ во четири тома.

Негови книги се објавувани на англиски, албански, бугарски, српски, чешки, словенечки јазик. Одделни циклуси песни му се објавувани и на германски, француски, шведски, турски, романски, унгарски и на други јазици. Застапуван е во сите релевантни антологии на современата македонска поезија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 249, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 28-29.09.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот