Стигна реакција од Москва на изјавата на естонскиот претседател: Покажете ни како ќе нè фрлите на колена

Марија Захарова / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја коментираше изјавата на естонскиот претседател Алар Карис, кој рфече дека е неопходно Русија да се фрли на колена.

„А како ќе го направи тоа, нека покаже“, рекла Захарова, пренесува РИА Новости.

Естонскиот претседател Алар Карис претходно изјави дека соседните земји на Русија мора, како што наведе, „да се подготват за најлошото“ и оти Русија нема да се промени ниту по владеењето на претседателот Владимир Путин.

Карис за финскиот јавен сервис Јле изјави дека најважно во моментов е да се запре „руската воена машина“.

– Ќе направиме се што можеме за да ги фрлиме на колена Русија и Путин. Тогаш може да започнат сериозни дискусии за завршување на војната во Украина, рече Карис.

Естонскиот претседател вели дека соседите на Русија мора да се подготват за најлошото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот