Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се годинашните младенци на Галичка свадба

Галичка свадба 2022 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд по 61. пат, од 12 до 14 јули. Годинашната невеста е Стефана Димитрова, а зетот е Даријан Кочоски.

Од месната заедница Галичник објавија дека невестата ги исполнува сите услови за учество во Галичка свадба.

– Со голема радост ви соопштуваме дека, по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба, што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на месната заедница Галичник ја избра среќната двојка.

Годинашната невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски.

Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата! – се вели во објавата на Фејсбук на МЗ Галичник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот