Стартува Вимблдон: Синер прв фаворит, пред Ѓоковиќ и Алкараз

Фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Почетокот на месец јули го носи и стартот на еден од најпознатите светски турнири, Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ за разлика од минатите години сега не го започнува турнирот како главен фаворит. Букмејкерите го рангираат српскиот ас на третото место, а причина за тоа е неговата променлива форма.

Се уште Ѓоковиќ нема трофеј во 2024 година, додека дополнително на лошата форма тука е повредата поради која неодамна правеше операција на менискусот. Фаворити пред Ѓоковиќ се Јаник Синер, тенисерот кој е во најдобра форма во 2024 година и минатогодишниот освојувач Карлос Алкараз.

Во конкуренција кај дамите блага предност и се дава на Арина Сабелнка кој е во одлична форма, но тука се уште Ига Швојнтек, Елена Рибакина и Коко Гоф.

Вимблдон ќе се игра 14 дена и големото финале е закажано за на 14. јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот