Српско МНР: Нападот врз полицаецот пред израелската амбасада е и напад врз Србија

Министерството за надворешни работи на Србија денеска соопшти дека земјата ќе има нулта толеранција кон тероризмот и секаков вид екстремизам и ќе продолжи да гарантира неповредливост на странските мисии.

Во соопштението на српското МНР се наведува дека нападот врз припадник на жандармеријата, кој ја чувал амбасадата на Израел во Белград, не е само напад врз дипломатско-конзуларното претставништво на земја со која Србија одржува пријателски врски, туку и напад на Србија.

– Уверени сме дека нашите надлежни државни органи ефективно и целосно ќе ги расветлат околностите и мотивите на нападот, се додава во соопштението.

Од МНР велат дека се во комуникација со МНР на Израел и со дипломатите на таа земја во Белград, на кои ќе им ја пружат сета потребна помош и поддршка.

– Јавно му благодариме на ранетиот припадник на српската жандармерија, кој херојски ја изврши својата должност, му честитаме на храброста и му посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението на МНР.

Претходно министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ нападот го окарактеризира како терористички чин.

Пред Амбасадата на Израел денеска пред пладне непознато лице изврши напад врз полициски припадник кој работи на обезбедување на Амбасадата.

Утврден е и идентитетот на лицето кое го изврши терористичкиот напад.

Станува збор за Милош Жујовиќ, чие религиозно име е Салахудин, кој пред извесно време се преселил да живее во Нови Пазар“.

Полицаецот кој е повреден во моментот на нападот одговорил со смртно застрелување на напаѓачот.

Повредениот полициски службеник бил свесен кога бил пренесен во главната белградска болница, каде што ќе биде извршена операција.

Меѓувреме српската полиција презеде низа активноси во откривање на евентуално помагачи на Жујовиќ, во моментов се прават претреси на голем број локации во Нови Пазар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот