Српската полиција откри цел арсенал од оружје и бомби во гаража во Белград

Српската полиција пронашла поголема количина оружје и мински експлозивни направи во гаража во Нов Белград, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Тој рече дека припадниците на Полициската управа за Белград денеска околу 11:20 часот во гаража во Нов Белград пронашле повеќе парчиња огнено оружје, муниција и експлозивни направи.

„Припадниците на Одделението за вонредни ситуации веднаш излегоа на лице место“, рече Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот