Српската полиција го евакуира „Сава центар“ во Белград поради закана за бомба

Српска полиција

Во тек е евакуација на „Сава центарот“ во Белград, откако три редакции добиле дојава за бомба, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВП), јавуваат српските медиуми.

Како што неофицијално беше потврдено за РСЕ, евакуацијата е завршена во редакциите на Радио и телевизија Србија (РТС) и на порталот 24седум.

„Сава центар“ неодамна беше реконструиран и е во сопственост на компанијата „Делта холдинг“.

Во реконструкцијата на „Сава центар“ се инвестирани 120 милиони евра, соопштија од компанијата на почетокот на септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот