Средовечен кумановец починал по пад и повреда на главата – во болница го привела полиција, но им подлегнал на повредите

Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово“, соопшти МВР.

„На 22.09.2024 пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош. Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје“, велат од МВР.

По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот