Средба Нуредини – Бутарис: Двете земји заеднички да се грижат за заштита на животната средина

Фото: МИА

По потпишувањето на Договорот од Преспа, нашите две земји треба да покажат пример за соработка во заштитата на животната средина, му рече на денешната средба градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Како што информира Министерството, Нуредини и Бутарис дискутирале за европските програми за заштита на природата и животната средина и можностите за заеднички настап при аплицирање за воспоставување едукативен центар за животна средина.

Нуредини изрази подготвнеост и отвореност за соработка и истакна дека МЖСПП е на располагање за продолжување и проширување на соработката со Хеленската Република во областа на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот