Србите прават ајвар од македонски пиперки, една тегла во август чинела 600 денари

Фото: Профимедиа

Подготовката на зимница во српските домаќинства е дел од семејната традиција, но долготрајната летна суша го намали родот за 50 отсто, вели агроекономскиот аналитичар Милан Простран. Очекува штетата да надмине милијарда евра. Простран за РТС изјави дека за оваа година е карактеристично што подготовките за зимската сезона почнаа многу порано поради предвременото зреење на земјоделските и мелиоративните култури.

Така наместо во септември, или до средината на октомври, подготовката за зимската сезона започна веќе во август, кога цените беа поповолни. Бидејќи бербата беше помала, трговците и увозниците заработуваа од пиперките од Македонија, а дел доаѓаа од Албанија. Простран посочува дека послабиот род на зеленчукот се гледа и по тоа што нема продажба од камиони, по патишта и автопатишта, туку најмногу на пазари и во трговски синџири, кои, како што истакна, годинава биле подобро подготвени од претходно.

Тој напоменува дека тегла ајвар „по бабински рецепт“ веќе нема да биде достапна за 250, 350 или 400 денари, додавајќи дека во август се продавал за 600 денари. Простран велат дека најквалитетните пиперки на пазарите достигнуваат цена од 170 денари. За цените во супермаркетите, Милан Простран вели дека, пред сè, поради долгорочните договори што ги имаат со примарните производители на зеленчук во индустриската преработка, може да се најдат многу поповолни цени. Тој нагласува дека цената на тегла домашен ајвар може да биде три пати повисока од индустрискиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот