Србин покосил семејство дивеејќи со автомобил низ Виена, му се суди за обид за убиство

Heute.at

Во Виена започна судењето на Србинот, кој минатата година предизвика тешка сообраќајна несреќа дивеејќи со 120 километри на час низ улиците на австрискиот главен град. Тој преминал на спротивната лента и покосил семејство од Романија. Србинот направил неколку сообраќајни несреќи, при апсењето немал возачка дозвола, а возел и со лажни регистарски таблички.

Според српските медиуми, нему му се суди за убиство во обид, а во процесот го брани познатиот австриски адвокат Руди Мајер. На вчерашното рочиште сведочел и таткото на семејството.

„Тој ден отидов на божиќниот саем со моето семејство. Одеднаш видов светла и се сеќавам само дека се активираа воздушните перничиња. Сигурно возеше со над 100 на час, среќа е што преживеавме“, рекол Романецот.

Потоа рекол дека сѐ се случило брзо и дека немал време да реагира.

“Се здобив со повреди на ребрата и зглобот. Имав болки со месеци. Бев среќен кога успеав да се измијам по долго време”, рекол тој.

Како се случило сѐ, раскажала и неговата сопруга, а за тоа време обвинетиот Србин немо ги гледал од клупата.

Судскиот процес за убиство во обид ќе продолжи и во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот