Србија се противи на ограничувањата за продажба на муниција на трети земји

Српскиот премиер Милош Вучевиќ повика на продолжување на продажбата на српска муниција на трети земји.

Toj за агенцијата „Франс прес“ изјави дека Србија не е страна во војната во Украина и покрај употребата на српски гранати на теренот.

„Не сакам да ги спречам компаниите да ја продаваат нашата муниција на Шпанија, Чешка, САД… Затоа што не е забрането и не е неморално за нас да произведуваме оружје и муниција, кои, за жал, се користат и таму каде што е војна“, додаде српскиот премиер.

Минатиот викенд беше објавено дека Србија ја зголемува продажбата на муниција на трети земји, кои потоа ја испраќаат во Украина.

Според проценките дадени од „Фајненшл тајмс“, од целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година, српскиот извоз на муниција што влегла во Украина преку трети страни изнесува околу 800 милиони евра.

По објавувањето на овие податоци, руското МНР извести за разговорите со Србија за можни безбедносни закани поради обемот на залихи кои би можеле да влезат во Украина. Кремљ вети дека ќе ја разјасни оваа информација со своите „српски пријатели“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно призна дека српското оружје може да влезе во Украина преку трети земји, но обемот на испораките првпат беше објавен дури по објавувањето на извештајот на „Фајненшл Тајмс“.

„Ова е дел од нашето економско заживување и е важно за нас. Да, ние ја извезуваме нашата муниција. Не можеме да извезуваме во Украина или Русија… Но имавме многу договори со Американците, Шпанците, Чесите итн. Што прават тие со тоа на крајот е нивна работа“, рече српскиот претседател.

На прашањето дали е точна бројката од 800 милиони евра, тој рече дека тоа не е приход од една година, туку „можеби за две или три години“.

Како што беше претходно објавено, украинските одбранбени сили користат српски 30-милиметарски гранати за автоматски фрлачи на гранати и нови ракети „Град 2000“ од 122 милиметри.

Се наведува и дека муницијата е купена од српското претпријатие Крушик од канадската компанија „JNJ Export & Import“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот