Србија ќе добива еден милион кубни метри гас дневно од Азербејџан

Гасовод / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ изјави дека во текот на претстојната зима Србија ќе може да смета на безбедни испораки на околу еден милион кубни метри гас од Азербејџан, што ќе ја зголеми енергетската безбедност на Србија. Ѓедовиќ-Хандановиќ со министерот за енергетика на Азербејџан Парвиз Шахбазов, потпиша Меморандум за разбирање за соработка во областа на зелената енергија меѓу двете министерства.

По тој повод беа потпишани два договори за снабдување со гас меѓу „Србијагас“ и азербејџанската компанија „Сокар“. Таа потсети дека минатата година во Баку беа потпишани договори за соработка меѓу релевантните министерства и гасните компании, кои предвидуваат Србија до 2026 година да добива до 400 милиони кубни метри гас годишно од Азербејџан до 2026 година, а потоа овие количини да се зголемат на една милијарди метри кубни.

„Договорите потпишани денеска меѓу „Србијагас“ и азербејџански „Шокар“ ѝ овозможуваат на Србија да има дополнителна сигурност во снабдувањето со гас во текот на претстојната зима, бидејќи од 1 ноември до март ќе можеме безбедно да сметаме на еден милион кубни метри дневно од Азербејџан“, рече Ѓедовиќ Хандановиќ, пишува Н1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот