Србија и Албанија заеднички ќе организираат Европско фудбалско првенство до 21 година

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Србија и Албанија заеднички ќе го организираат Европското првенство во 2027 за млади фудбалски репрезентации до 21 година.

Откако истече рокот за кандидатура, српско-албанската понуда е единствена, па речиси сигурно е дека најдобрите играчи до 21 година на континентот ќе играат во Србија и Албанија.

Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА на 16 декември.

Предлогот на Србија и Албанија, како што е објаснето, има за цел да се надминат политичките тензии меѓу двете земји.

На турнирот ќе учествуваат 16 репрезентации, Србија и Албанија ќе бидат домаќини и на следните два конгреси на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот