Србија е единствениот кандидат за ЕУ ​​што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја

Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан што не ги почитувала трите нови надворешнополитички одлуки на Советот на ЕУ во однос на Украина и Северна Кореја, пренесе Бета.

Како што соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, Србија не ја почитувала одлуката усвоена од Советот на ЕУ од 31 мај за рестриктивни мерки против поединци и субјекти од Северна Кореја како и одлуката за рестриктивни мерки поради анексијата на Крим и Севастопол, и   одлуката од 24 јуни за рестриктивни мерки поради активностите на Русија за дестабилизирање на ситуацијата во Украина.

Со трите нови одлуки на Советот на ЕУ, сите земји кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан, освен Србија – Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина – се усогласија, со што ќе се осигура дека нивните национални политики се усогласени со неа, а ЕУ ја забележува оваа заложба и ја поздравува, се наведува во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот