Срамно и опасно – вели Заев за снимката во која се говори за негова ликвидација

Зоран Заев, Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Згрозен сум од тоа што го слушнав, без разлика кој го изговара и од каде доаѓа, вели премиерот Зоран Заев за објавената аудио снимка во која се зборува за негова ликвидација.

– Нашиот народ отсекогаш се борел против такви зли умови. Денес имаме правна држава која ги штити нашите граѓани и нашите деца. Гледате чепкаат и по деца и по фамилии. Срамно и опасно, изјави премиерот Заев за ТВ 24.

Порталот А1он објави снимка од разговор прикачена на мрежата Јутјуб, а на која наводно се слуша разговор на двајца од осудените за „27 април”.

Од Управата за извршување санкции, како што објави 360 степени, која е надлежна за затворите, пак, не коментираат околу снимката која, според објавувачот, е направена во затворската установа каде се двајцата осуденици. Оттаму велат дека за веродостојноста и автентичноста на аудиото треба прво да се направи истрага и да се произнесат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР затоа што снимката е нејасна.

ВИДЕО l „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот