Спроведувањето на Охридскиот договор во фокусот на средбата Лајчак и Вучиќ

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека со српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на Генералното собрание на ОН (ГС на ОН) во Њујорк, детално разговарале за последните случувања во рамките на дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор, во светло на Планот за раст за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

„Разговарав со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на ГС на ОН детално за последните настани во дијалогот и потребата од повторно ангажирање и спроведување на Охридскиот договор, исто така во светло на Планот за раст на ЕУ за регионот“, изјави Лајчак на социјалната мрежа Х.

Вучиќ претходно пред новинарите изјави дека во разговорот со Лајчак повторно укажал на уривањето на се што е потпишано и прифатено со Бриселскиот договор.

Тој на својот инстаграм-профил додаде дека Косово и опстанокот на српскиот народ во нивните огништа се главна тема на сите негови средби во Њујорк и дека со Лајчак разговарал „не само за ситуацијата на теренот, со што тој е многу добро е запознаен, но и за она што ЕУ и меѓународната заедница не го прават, а се обврзани да го прават, како и за тоа што Србија, во рамките на своите можности, има намера да направи за да го заштити својот народ и нивното право на живот и слобода“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот