Спортска сала во Зајас зјае празна, никој не знае чија е – нема ни клуч, ни документи

Спортската сала во кичевското село Зајас е изградена во 2009/2010 година, во дворот на основното училиште. Но, никој не знае ниту кој го градел објектот, ниту чиј е тој. Локалните власти не поседуваат никаков документ за салата, Салата не поседува ниту еден документ, затоа и 14 години од нејзината изградба никој не стапнал таму, и таа е неупотреблива, објави „ТВ21“.

Директорот на училиштето, Насер Исмаили, вели дека тие не можат ниту да влезат во салата бидејќи го немаат клучот. Тој додава дека откако е директор, тропнал на сите врати за прашањето на салата, но не добил одговор.

„Што се однесува до спортската сала, вистина е дека не се користи и нема врата во која управата на училиштето не тропнала во врска со спортската сала. Во Општината, во МОН, Агенцијата за млади и спорт и се уште немаме одговор и чекаме некаков одговор дека ќе можеме да почнеме со употреба на спортската сала бидејќи за многу малку работа стои затворена од 2009/2010 година“, вели Насер Исмаили за ТВ21.

Од општина Кичево велат дека немаат документи за салата, бидејќи инвестицијата била од централната власт. Во Министерството за спорт, пак, тврдат дека никогаш не изградиле сала во Зајас.

„Агенцијата тогаш изгради сала во Кичево, но не и во Зајас. Во Зајас го изградивме стадионот на Зајас. Значи објектот што го изградивме ние не е во Зајас“, вели Министерството за спорт.

Сличен одговор телевизијата добила и во Министерството за локална самоуправа, но и оттаму велат дека не ја изградиле оваа спортска сала.

„Врз основа на податоците во објавените Одлуки на Владата за финансирање на проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој во 2011 година, не е финансиран проект за изградба на спортска сала во село Зајас“, вели Министерството за локална управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот