Спортистите на САД освоија најмногу медали на Олимписките игри

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Спортистите на САД освоија најмногу медали на Олимписките игри во Париз.

САД вкупно освои 126 медали, а 40 од нив беа златни. Ист број на златни медали има и Кина, но Американците се рангирани на првата позиција поради поголемиот вкупен број на медали.

Покрај златните медали, САД има уште 44 сребрени и 42 бронзени. Кинезите вкупно стигнаа до 91 медал, а имаа уште 27 сребрени и 24 бронзени.
На третото место е Јапонија со 45 медали, а 20 од нив беа златни, 12 сребрени и 13 бронзени.

Македонија на овие Олимписки игри не успеа да дојде до медал и остана на среброто на Дејан Георгиевски од Токио и бронзата на Могамед Ибрагимов во Сиднеј 2000 година.

Фото: Screenshot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот