Според нутриционистите: Четири неочекувано лоши опции за појадок

Фото: Sergii Koval / Alamy / Alamy / Profimedia

Појадокот често се смета за најважен оброк во текот на денот, но некои вообичаени опции за појадок може да придонесат за надуеност и дигестивни проблеми.

Одредени намирници, како што се оние со висок удел на натриум, шеќер или преработени состојки, може лошо да влијаат на здравјето на цревата.

Нутриционистите Ејми Липерт и Меена Булај, диететичарот Џеси Федер и советничката за нутриционизам Алана Кејт Дерик открија неколку најлоши опции за појадок.

1. Високо преработена храна

Високо преработената храна, како што се различните солени и слатки печива кои вообичаено се консумираат за појадок, може да придонесат за надуеност и проблеми со варењето. Овие намирници често се богати со рафинирани јаглехидрати и шеќери, а им недостасуваат важни хранливи материи како што се влакната. Освен тоа, недостигот на влакна во оваа храна може да го попречи дигестивниот процес, придонесувајќи за надуеност и непријатност.

– Ако сакаме да се фокусираме само на исхраната, единствената храна што би им препорачала на сите да престанат да ја јадат би била високо рафинираната храна, како што се печивата. Многу од овие намирници не содржат хранливи материи потребни за одржување на здравото варење, што доведува до нерамнотежа во микробиомот, што може да доведе до гасови и надуеност“, вели Липерт за „Ши фајндс“ (SheFinds).

2. Спакувани барови (плочки) за појадок

– Ваквите плочки можеби изгледаат како практичен избор кога сте во брзање, но многу од нив се полни со рафинирани зрна, шеќер и вештачки додатоци (адитиви) – предупредува Булај.
Тој додава дека тоа негативно влијае на нашиот дигестивен систем и придонесува за надуеноста.

3. Сланина

Сланината често е богата со натриум, а прекумерниот внес на натриум може да предизвика задржување на водата во телото, што доведува до надуеност и чувство на тежина.

– Сланината е богата со воспалителни заситени масти и натриум. Заситените масти можат да предизвикаат воспаление во целото тело и цревата, што доведува до надуеност и дигестивни проблеми – објаснил Федер.

4. Купена гранола

Иако гранолата често се смета за здрав избор за појадок поради содржината на цели зрна, овес и јаткасти плодови, таа всушност може да придонесе за надуеност и проблеми со дебелото црево кај некои поединци. Многу барови гранола купени во продавница се полни со додадени шеќери и нездрави масти, кои може да ја нарушат дигестивната функција и да доведат до непријатност.

– Гранолата се рекламира како здрава опција богата со влакна, но повеќето комерцијални граноли се исто така полни со додадени шеќери и тешко сварливи јаткасти плодови и семиња, што може сериозно да влијае на чувствителниот желудник – заклучил Дерик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот