Спасовски: Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, платите ќе продолжат да растат

Министерот за внатрешни работи и носител на ИЕ2 Оливер Спасовски / фото; СДСМ

Поголема професионализација на кадарот во МВР, особено раководниот кадар ќе обезбедиме преку полагање на посебен испит за новите раководни структури, рече денеска носителот на листата во ИЕ2, Оливер Спасовски на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој додаде дека ќе се изменува и прекршокот за нарушување на мирот на граѓаните од бучава, гласна музика и други активности, со цел да се спречи праксата на немање спокој на граѓаните во текот на целиот ден.

– По примерот на ЕУ, со конфискација на имот ќе пратиме порака дека криминалот не е исплатлив. Ќе иницираме постапка за укинување, односно заострување на економските критериуми за прием во македонското државјанство – рече Спассовски.

Тој додаде дека во наредните четири години ќе продолжи создавањето на модерна полициска професија – европски полицаец-ваш пријател.

– Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, досега ги зголемивме платите за 35 отсто и платите во безбедносниот сектор мора да продолжат да растат – за подобар материјален и социјален статус и повисок животен стандард на вработените. Императив за нас е унапредување на статусот на вработените, на работните услови, на воведување на нови полициски обуки, дигитализација и модернизација на процесите и опремата – рече Спасовски .

Тој додаде дека со новите хеликоптери повторно ќе се испише историја на опременост на воздухопловните единици.

– Досега реконструиравме 82 полициски станици низ државата и се обврзуваме да продолжиме со создавање на европски услови за европско полициско работење. Во мандатот на оваа влада конечно успешно ја завршивме јавната набавката на опремата од проектот „Безбеден град“.  Покрај првичната примена во Скопје, Тетово и Куманово, ќе продолжиме со негово имплементирање низ сите градови и на сите патишта – рече Спасовски.

Тој додаде дека ќе се обезбеди поголема професионализација на кадарот во МВР, особено на раководниот кадар со полагање на посебен испит за новите раководни структури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот