Спасовски: Привилегија е да се биде дел од Армија на НАТО членка

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: Фејсбук, Оливер Спасовски

Почитувани припадници на Армијата. Дозволете ми во мое лично име и во име на МВР да ви го честитам денешниот празник, 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, со искрена благодарност за вашиот ангажман за заштита на безбедноста и суверенитетот на нашата држава, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

По формирањето на првиот партизански одред баталјонот „Мирче Ацев” во 1943 година, како и по три децениската самостојност и заложба кон исполнување на НАТО стандардите, по професионалниот однос на храбрите жени и мажи припадници на Армијата и по темелните одбранбени реформи, објави тој, можам да кажам дека Армијата денес претставува кредибилна и почитувана членка на најмоќниот воено-политички сојуз во светот, посакуван партнер во НАТО мировните мисии, а нашата држава стана фактор за мир и стабилност во регионот.

– Привилегија е да се биде дел од Армија на НАТО членка, дел од вежби од светски ранг – пред неполни три месеци на Криволак беше изведена вежбата „Одлучен удар 21″ на сојузничките Армии на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија – доказ дека заедно сме посилни.
Сакам да оддадам и посебно признание на припадниците на Армијата кои повторно покажаа и докажаа дека се на првите борбени линии насекаде кадешто е потребно, рамо до рамо со полициските службеници, пожарникарите, медицинскиот персонал и солидарните граѓани, без оглед на тоа дали станува збор за криза од пандемијата со Ковид-19 или од катастрофалните пожари низ државата, неизмерно сме благодарни за вашиот придонес за безбедна и перспективна иднина за денешните и идните генерации. Нека е честит и за многу години 18-ти август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија!, напиша министерот Спасовски на ФБ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот