Спасовски: Нашите војници се посакуван партнер во меѓународните мировни мисии, рамо до рамо со сојузниците од НАТО Алијансата

Фото: Фејсбук/Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го честиташе 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Тој порача дека Армијата е партнер од доверба дома, а подготвеноста и посветеноста на нејзините припадници се високо ценети и во светот, кај соседите и сојузниците.

„Во свое и во име на МВР, со посебен пиетет да ви го честитам Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18 Август, денот кога пред 31 година, паралелно со независноста на Македонија беше поставен и овој столб на националната безбедност и државност, за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Корените, сепак, датираат од многу поодамна. Од далечната 1943 година кога токму на 18 август беше формиран баталјонот „Мирче Ацев”, првата регуларна воена единица на македонскиот народ, кој преку борбените походи, напади и диверзии придонесе за победа над фашистичкото зло, исцртувајќи ја визијата на партизаните за сопствена слободна држава“, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.

Спасовски додаде дека Армијата заедно заедно со полицијата, противпожарните служби, медицинскиот персонал и просветните работници, се на браникот на човековите права и слободи, како гарант за безбедноста и стабилноста на државата, за сигурноста на граѓаните.

„Со рамноправен партнерски однос на нашата Армија со армиите од регионот и светот, нашите војници се посакуван партнер во меѓународните мировни мисии, рамо до рамо со сојузниците од НАТО Алијансата во гарантирањето и на колективната безбедност и светскиот мир. Токму членството во НАТО ја постави и одговорноста на Армијата на многу повисоко ниво, а со тоа и нашата обврска да ја унапредуваме и модернизираме Армијата. Сакам да се заблагодарам на сите жени и мажи во Армијата, на војниците од сите чинови, како и на цивилните службеници, за особениот придонес во изградбата и зајакнувањето на одбранбената способност на државата. Ве охрабрувам и во иднина да продолжите со заложбите да ги поместувате линиите на сопствените достигнувања, водени од патриотизмот, професионализмот и честа што сте дел од Армијата која е почитуван и доследен чувар на светскиот мир.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот