Современата балетска верзија на „Пепелашка“ ќе има изведба во Националната опера и балет

Сцена од балетот „Пепелашка“ на Националната опера и балет

Современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев на 27 септември, со почеток во 20 часот, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет.

Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев е во кореографија на гостинот од Србија Александар Илиќ.

Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски. Дизајнот на звук е на Георг Драушник (Хрватска), додека дизајнот на светло е на Милчо Александров. Асистент-кореографи се Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори се Саша Евтимова и Дафина Данилоска-Кочевска, а асистент-костимограф е Ангела Богеска.

Приказната за „Пепелашка“ на нашата сцена ќе ја пренесат: Наташа Трендафилова Гицев (Христина Наќевска), Игор Веланоски, Саша Евтимова, Ангела Богатинова, Ендру Кук (Англија), Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Александар Илиќ, кореографот на балетот „Пепелашка“, посочува дека оваа поставка на „Пепелашка“ не е класична верзија, туку е создадена во еден посовремен контекст.

– Нашата „Пепелашка“ ја сместивме во една потполно поинаква временска рамка, во 70-тите години на минатиот век. Поточно, во време на популарноста на филмот „Брилијантин“, со најпознатата улога на Џон Траволта, и со самото тоа се поигравме со нашата „Пепелашка“ во тоа време – истакнува Илиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот