Совети од Клиника „Жан Митрев“: Уникондиларна ендопротеза на колено

Фото: Промо

Уникондиларна ендопротеза на колено е минимално инвазивна процедура во однос на тоталната ендопротеза, при која само оштетениот дел на коленото се заменува со имплант. Се нарекува уште и парцијална, односно делумна ендопротеза на колено.

Гонартроза претставува хронично, дегенеративно оштетување на ‘рскавицата на коленовиот зглоб која предизвикува болка, воспаление и ограничување на движењата. Симптомите се јавуваат постепено и со текот на времето се интензивираат. Во почетокот се изразени при одење, качување, односно при симнување по скали, а со напредување на болеста, болката се јавува и во мирување. Може да се јави оток на коленото, како и вкочанетост на зглобот. Често се јавува и деформитет на коленото во облик на О (варус) или Х (валгус) нозе.

Коленовиот зглоб е поделен на три компартмани (делови): медијален (внатрешен), латерален (надворешен) и пателофеморален компартман.

Тоталната замена на коленото е индицирана кај тешки форми на артритис каде што се заменуваат сите оштетени делови на коленото.

Уникондиларната ендопротеза е хируршка опција кај пациенти кај кои дегенеративните промени зафаќаат само еден дел од коленото (најчесто внатрешниот), додека останатите зглобни површини се интактни – незасегнати, однoсно, не се оштетени.

Индикација за овој тип хируршка интервенција се поставува врз основа на анамнестички податоци, клинички преглед и рендгенографија на коленото. Во поретки случаи, потребна е и магнетна резонанца на коленото. Индикацијата за уникондиларна протеза изнесува околу 50 % од пациентите со гонартроза, а на тој начин се избегнува поопсежен оперативен зафат, односно имплантација на тотална ендопротеза на коленото.

Фото: Промо

Кои пациенти се кандидати за уникондиларна протеза

Пациенти кај кои дегенеративниот процес е ограничен само на еден компартман (дел) на коленото, и тоа најчесто внатрешниот. Кај нив треба да постои: стабилно колено (зачувана функција на преден вкрстен лигамент и колатерални лигаменти); добра мобилност на коленото (зачуван опсег на движења); корективен деформитет на коленото.

Кои пациенти не се кандидати за уникондиларна протеза

• Пациенти со нестабилност на коленото (скинат преден вкрстен лигамент),
• Пациенти со ограничени движења на коленото и контрактури,
• Варус деформитет поголем од 10 степени и валгус деформитет поголем од 5 степени,
• Пациенти со прекумерна телесна тежина,
• Дегенеративен процес на повеќе од еден компартман на коленото.

Хируршка процедура

Со мал рез се пристапува до оштетениот дел на коленото. Се отстранува оштетениот дел од менискусот, минимално се ресецира оштетениот дел на коската на тибијата и фемурот и се поставува имплант во коленото. Не се поставува постоперативна дренажа.

Предностите се: мал рез, зачувани лигаменти во коленотo, помала постоперативна болка, подобар обем на движења во коленото, помал губиток на крв, кус болнички престој, заменетиот оштетен дел на коленото го штити здравиот од понатамошно оштетување, краток период на закрепнување и враќање на секојдневните активности.

Пациентот се вертикализира на денот на операција, со оптоварување на оперираниот екстремитет. Се отпушта од болница вториот или третиот постоперативен ден, во зависност од неговата општа состојба. Отстранување на конци од оперативната рана се врши на 14-тиот постоперативен ден. Враќањето на секојдневни животни активности е шест-осум седмици по оперативниот третман.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање, закажете термин или консултирајте се на тел. 02 3091 484

д-р Зоран Несторовски, специјалист по ортопедија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот