Сопственикот на стрелиште каде што Коста К. научил да пука е осуден на пет месеци домашен затвор

Коста Кецмановиќ на 3 мај 2023 година во училиштето Владислав Рибникар на Врачар застрела девет ученици и еден чувар/Фото колаж: Слободен печат

Петмесечна казна домашен затвор му беше изречена денеска од Вишиот суд во Белград на Ратко Ивановиќ, сопственикот на стрелиштето каде што малолетникот кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ научил да пука, јавија белградските медиуми. Ивановиќ е прогласен за виновен за кривичното дело давање лажен исказ, објавија од тој суд. Пресудата е донесена по спогодба со Судот.

Казната ќе ја издржува во просториите каде што живее и кои не смее да ги напушти, освен во случаите пропишани со Законот за извршување на кривичните санкции, без користење електронски надзор.

Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на таа одлука, и таа е конечна.

За овој случај, судењето на родителите на момчето и инструкторот на стрелиштето продолжува. За давање лажен исказ е обвинет и инструкторот на стрелиштето, Немања Маринковиќ.

Малолетниот К.К. на 3 мај минатата година уби девет соученици и еден училишен чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград. Со оглед на тоа дека во моментот на убиството имал 13 години, К.К. не може кривично да биде гонет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот