Сопругата на Борко Ристовски заработила 78 илјади евра од експлоатација на руда

Фото: Борко Ристовски/Фејсбук

Нина Ристовска, сопругата на министерот за спорт Борко Ристовски, како сопственик и управител на фирмата „Нибо солушн“, друштво со основна дејност „останато рударство и вадење камен“ заработила 78.000 евра за неполна година, пренесува порталот Фактор.

Според податоците од Централен регистар, фирмата во која како сопственик фигурира Нина Ристовска е формирана на 3 август 2023 и за неполни пет месеци од истата година има приходи од 5.702.757 денари и добивка од 4.775.702 денари. Во моментов не е познато какви минерални суровини експлоатира „Нибо солушн“ и каде.

За четири години од 2018-2022 од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, Македонија наплатила само 45 милиони евра од кои: 287.307 илјади денари (околу 4,6 милиони евра) надоместок за користење на простор, 2.487.581 илјади денари (околу 40,2 милиони) евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина и 6.136 илјади денари по основ на камата по двете основи.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија, за експлоатација на минерални суровини заклучно со 2022 година се доделени вкупно 348 концесии на 257 концесионери , на вкупна површина од 333,73 км2, што претставува 1,3% од вкупната територија на државата, од кои за експлоатација на мермер се доделени 29 концесии.

Концесионерите се богатат од продажба на домашен мермер, државата добива само 1 процент од приходот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот