Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

Ученици основци со ранци / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ученици од прво до трето одделение од основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Општина Аеродром се сомнева дека се затруле со храна.

За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и денеска не се служи топол оброк. За ова добиле известување и сите надлежни инситуции, кои допрва треба да утврдат дали причината за труењето на дечињата е храната од кујната во училиштето.

„По информацијата за отсутво на поголем број ученици од прво до трето одделение во интерес на заштита на децата денс топол оброк не се служи односно кујната не работи, Училиштето пријави веднаш во Агенција за храна и ветеринарство како и во Центарот за јавно здравје. Чекаме за понатамошно дејствување. За сите преземени дејствија ќе бидете навремено известени.”, пишува во дописот од директорот на училиштето Александар Филипчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот