Солскјер: Не смеевме да дозволиме Роналдо да потпише за Манчестер сити, ќе постигнуваше повеќе голови од Халанд

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Oле Гунар Солскјер призна дека Манчестер јунајтед погрешил кога во 2021 година го вратил Кристијано Роналдо кој тогаш настапуваше за Јувентус, но и откри дека клубот тоа го направил за да спречи негов трансфер во Манчестер сити.

Роналдо првиот мандат во Манчестер јунајтед го одработи од 2003 до 2009 година кога беше продаден во Реал Мадрид за 94 милиони евра. Во вториот постигна 24 гола во првата сезона, а потоа по критиките кон тренерот Ерик Тен Хаг и работата на клубот остана без договор.

На „Олд Трафорд“ прво работеше со Солскјер, меѓутоа Норвежанецот брзо доби отказ, пристигна Ралф Рагник како привремено решение, а потоа и Тен Хаг.

„Зборуваме за еден од најдобрите фудбалери во светот во последните 15 години. Играв со него. Играше за јунајтед и има историја со овој клуб. Кога го напушташе Јувентус не можевме да дозволиме да се пресели во Манчестер сити, таму веројатно ќе постигнуваше повеќе голови од Ерлинг Халанд. Разговаравме и дојде во јунајтед. Мислам дека тоа ја растури динамиката во соблекувалната, некои играчи почнаа да се чувствуваат помалку важни“, изјави Солскјер.

Роналдо вкупно за Манчестер јунајтед одигра 346 натпревари и во нив постигна 145 голови и додаде 64 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот