Софија Лорен денеска полни 90 години: Од истрауматизирано и сиромашно девојче, до актерка која ја сака целиот свет

Софија Лорен
Фото: Profimedia

Италијаската актерка Софија Лорен, која е една од најубавите жени во светот, денеска го слави својот 90. роденден. Нејзиниот живот, не само кариерен, туку и приватен, е толку интересен што може да послужи како инспирација за филм, пишува „Глоси“.

Таа поминала низ различни нешта во животот, а некои од нив останааа запаметени и прераскажувани до ден-денес. Меѓутоа, во морето факти за кои често се пишува, секогаш има такви кои се помалку познати или речиси целосно непознати за јавноста.

Софија Лорен не била секогаш богата. Пораснала во многу тешки услови, а со својата работа и упорност успеала да ја надмине сиромаштијата. Благодарение на нејзиниот актерски талент, таа стана првата актерка што доби Оскар за изведба на јазик кој не е англискиот, инспирирајќи ги актерите ширум светот. Со својата издржливост, сестраност и безвременска убавина, таа остави неизбришлива трага во забавната индустрија, зацврстувајќи го својот статус на сакана филмска легенда.

Profimedia
Profimedia

Родена како Софија Вилани Сциколоне на 20 септември 1934 година, таа пораснала во Неапол, Италија, за време на Втората светска војна. Нејзиното презиме е измислено, а го избрала „Лорен“, инспирирана од шведската актерка Марта Торен.

Со оглед на тоа што живеела во дел од Италија каде се воделе жестоки борби за време на Втората светска војна, таа била погодена во лицето како 6-годишно дете. Само од чиста среќа не останала со сериозни последици.

На 14-годишна возраст, Лорен учествувала на натпревар за убавина и го привлекла вниманието на филмскиот продуцент Карло Понти, кој подоцна ќе стане нејзин сопруг и ментор.

Profimedia
Фото: Profimedia

Течно зборувајќи англиски, италијански, француски и шпански, таа лесно се движеше меѓу различни филмски индустрии и култури во текот на нејзината кариера.

Лорен имаше неверојатна хемија „на екранот“ со италијанскиот актер Марчело Мастројани, а дуото глумеше заедно во голем број успешни филмови, како што се „Вчера, денес и утре“ (1963) и „Брак на италијански начин“ (1964).

Кога во 1962 година освои Оскар за италијанската воена драма „Чочара“, таа стана прва глумица во историјата која го добила Оскарот надвор од англиското говорно подрачје, за улогата на Грофицата од Хонгконг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот