Сочен и превкусен колач со тиква

Потребно ви е:

– 3 јајца

– 1 кисело млеко 200 мл

– 1 чаша млеко (150 мл)

– 1 чаша брашно

– 1 чаша гриз

– 1 чаша шеќер

– 1 прашок за печиво

– 1 ванилин шеќер

– малку цимет

– 200 гр тиква

– 50 мл масло

Подготовка:

Тиквата исчистете ја и исецкајте ја на тенки кришки, а јајцата изматете ги со шеќерот, додадете го брашното со прашокот за печиво, гризот, киселото млеко и обичното млеко, ванилиниот шеќер и на крајот се добро измешајте.

Ставете во подмачкан плех или плех обложен со хартија за печење, а одозгора на косо набоцкајте ги парчињата тиква.

Наросете со шеќер и цимет.

Печете на 200 степени околу 40 минути. Посипете со шеќер во прав и засладете се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот