Собраниската комисија ги поддржа барањата на Маричиќ, Шаќири и Бајрами да добиваат апанажа

Дафина Стојановска / Конституивна седница во собрание / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
/ Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, во рамки на 3. седница, со 10 гласови „за“ и еден „против“ ги поддржа барањата на Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами да добиваат апанажа по престанок на нивниот работен однос.

Никој од членовите на Комисијата не побара збор, поради што точката беше веднаш ставена на гласање и усвоена.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски, пред да ја затвори седницата, соопшти дека ги потпишал решенијата за плата на пратениците на кои Собранието им го верификуваше мандатот. Потпишани се, рече, и решенијата за неспоивост на функцијата пратеник со функцијата претседател на Владата или министер, решенијата за престанок на право на плата по престанок на функцијата пратеник на Игор Јанушев, Христијан Мицкоски и на избраните министри, како и решенијата за плати на замениците на претседателот на Владата, Изет Меџити, Александар Николовски, Љупчо Димовски, Иван Стоиљковиќ и Арбен Фетаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот