Соботка: Со блокада на почетокот на пристапни преговори се штети на кредибилитетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот Парламент Волфганг Соботка ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан и смета дека секој кој го блокира почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува европскиот курс на Западен Балкан и штети на кредибилитетот на Унијата.

Ова го истакнува во очи состанокот на Интерпарламентарната унија во Белград и најавува дека конференцијата ќе ја искористи за натамошно уверување за потребата од почнување пристапни преговори со Скопје и Тирана.

– Јас сум уверен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан. Кандидатите за членство, Северна Македонија и Албанија во изминатите години направија важен напредок на патот на правно, политичко и економски приближување на ЕУ. Северна Македонија го заврши спорот околу името со Грција, поради тоа, даде важен придонес во помирувањето и преимер е за целиот регион. Понатамошно одложување на почетокот на преговорите би бил потполно погрешен сигнал, порачува во соопштение Соботка.

ЕУ, според него, е нецелосна без државите од Западен Балкан.

– Кој по тоа прашање има поинакво мислење, не ја зема предвид опасност од дестабилизација во економски и безбедносен поглед непосредно пред својот праг, нагласува Соботка.

Албанија и Северна Македонија, порачува, прават сеопфатни напори во областа на правосудството и демократизација на општеството.

– Сето тоа мора да се има предвид, а тоа значи почеток на претпристапни преговори ако земјите ги исполниле значајните критериуми, потенцира Соботка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот