Со зголемувањата од 2.500 денари за пензионерите просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Владата на Македонија одобри зголемување на пензиите за 2.500 денари, со што како што велат корист ќе имаат сите 337.000 пензионери.

Со оваа одлука, донесена на првата владина седница, се утврдува нова минимална пензија од 15.600 денари, а просечната пензија ја надминува националната минимална плата.

Податоците покажуваат дека речиси половина од сите пензионери во моментов живеат со месечни примања кои се движат од 13.000 до 22.500 денари.

Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, се надева дека ова зголемување ќе го подобри нивниот животен стандард.

– Го разбираме нивото на кое моментално живееме и признаваме дека е недоволно. Сепак, ние сме посветени на обезбедување помош на оние кои придонеле за развојот на нашата земја. Се планираат дополнителни пакети за поддршка за понатамошна помош, истакна Лимани.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска деновиве соопшти дека владата со буџетот предвиден за 2024 година ќе се соочи со дефицит од 40 милиони евра за тековните исплати на пензиите.

Сепак министерот Лимани уверува дека ова ќе се реши преку ребаланс на буџетот кој е најавен за средината на јули.

Со него ќе треба да се обезбедат дополнителни 80 милиони евра за повисоки пензии.

За месец март идната година е планирано уште едно зголемување на пензиите за 2.500 денари.

Пензиите се усогласуваат на два пати во годината врз основа на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот