Со укинување на балансерот се напаѓа еден од главните столбови на Охридскиот договор реагираат ДУИ и АА

Со најавите за менување на бројките во балансерот ќе се игнорираат податоците од последниот попис според кој Албанците сочинуваат речиси 30 отсто од населението, а наместо тоа, сега тој процент ќе биде под 25, како на пописот пред 20 години.

Ова се реакциите на двете албански опозициски партии ДУИ и АА по најавата за укинување на алатката „балансер“, која денеска ја објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Ваквата одлука, а особено најавата за законски измени за целосно укинување на балансерот, како што оценуваат двете партии, е напад на еден од главните столбови на Охридскиот договор.

„Во меѓувреме, губитниците на изборите и партнери на Стоиљковиќ, заробени и немоќни, немо набљудуваат, но и активно придонесуваат за секојдневно деградирање на положбата на Албанците. Тоа е јасна последица на тоа што не се избрани претставници на албанската заедница, туку претпочитан партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ставајќи ги позициите во преден план, иако добија само трошки од институциите одземени од нивните надлежности“, велат од ДУИ.

Од партијата на Ахмети додаваат оти нема да дозволат каков било обид за поткопување на достигнувањата на Охридскиот договор.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска најави дека ќе се стави крај на балансерот, а вработувањата во иднина ќе се реализираат врз основа на образование и квалитет, а не по етнички клуч.

Како што нагласи балансерот заминува во минатото, но постапката за тоа рече дека ќе се одвива во неколку фази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот