Со изнајмена механизација ќе се одржуваат јавните површини во општина Ѓорче Петров

Фото: Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров за првпат ангажира механизација со која ќе се одржуваат јавните површини што се во надлежност на општината. За таа цел е склучен договор за изнајмување две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад.

Градоначалникот Александар Стојкоски смета дека со оваа мерка значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на хигиената на сите општински јавни површини а со тоа, јавната чистота ќе се подигне на повиско ниво. Тој истовремено апелира до граѓаните да не се оставаат возилата на коловози за да може непречено да се врши работата.

Да направиме заеднички мали промени во секојдневните наши навики, што на долг рок значително ќе ги подобрат состојбите на сите нивоа во Ѓорче Петров. Јавната хигиена зависи од сите нас. Апелирам да бидеме одговорни – вели Стојкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот