Со филмски проекции, изложба и музичка програма почнува шестото издание на фестивалот „Ѕирни“

Плакат за фестивалот „Ѕирни“ на Кафе и филм „Котур“

Тимот на Кафе и филм „Котур“ го подготви шестото издание на „Ѕирни“ – Фестивал на филм и музика. Од 30 септември до 10 октомври ќе се одржи коктел од филмови, концерти, театарски претстави, интервјуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма.

Од оваа година официјалната селекција на кратки филмови, кои се натпреваруваат за наградата „Данчо Чеврески“, станува интернационална. Се воведува уште еден натпреварувачки дел во програмата – интернационални кратки студентски филмови.

На шестото издание на фестивалот по вторпат ќе се одржи и 48-часовниот филмски предизвик. На програмата ќе бидат филмови со маестралните улоги на актерот Мето Јовановски со филмските проекции на „Тетовирање“ и „Среќна нова ’49“.

Покрај кино салата на Кафе и филм „Котур“, оваа година фестивалот ќе се одржи и на нови локации. Филмови од официјалната селекција и концерти на „Аудио цигла“ и „Фанк шуи“ ќе се одржат на Плочник (во блокот на Градски ѕид веднаш до Соборниот храм), а театарската претстава „Кенди“ ќе биде изведена во „Лабораториум“.

Официјалното отворање на фестивалот е на 30 септември, од 19:30 часот, на Плочник со проекција на „Дали си маж“, краток игран филм на режисерот Ѓорче Ставрески, а во исто време во Кафе и филм „Котур“ ќе биде отворена изложба на аналогни фотографии со наслов „Мозаик во зрно“ од Љубомир Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот