Со една просечна плата, Словенците лани можеле да купат 126 килограми кафе

Кафе
Фото: Pexels

Домаќинствата во Словенија во 2022 година потрошиле просечно 125,85 евра на кафе и замена за кафе, а според најновите достапни податоци, секој жител дома консумира по три килограми кафе годишно, пишува Н1 Словенија.

Минатата година за килограм класично кафе во продавница требаше да се платат во просек 11,49 евра, а за шолја еспресо во кафеана 1,63 евра. Класичното кафе поскапе за 10,8 отсто на годишно ниво, а шолја еспресо за 10,1 отсто. За да се купи килограм класично кафе минатата година, требаше да се работи во просек по 80 минути, а со просечна месечна нето плата можеше да се купат 126 килограми кафе.

Словенците можеле да купат најмногу 139 килограми во 2021 година, а најмалку 36 килограми во 1991 година. Како што наведуваат статистичарите, расте бројот на компании кои се занимаваат со преработка, продажба или подготовка на кафе. Во 2022 година, 67 компании се занимавале со преработка на чај и кафе, што е за 36 повеќе од десет години порано. Лани во Словенија се увезени 22.403 тони кафе во вредност од 100,8 милиони евра. Најмногу кафе е увезено од Бразил (25 проценти) и Италија (24 проценти).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот