Со Царината ќе раководи Бобан Николовски, кој е тој и каков имот има?

Николовски пред две години е избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Бобан Николовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово е новиот директор на Царинската управа .
Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Стефан Богоев, кој со Царина управуваше повеќе од една година.

„Денеска Владата предводена од Премиерот Христијан Мицкоски донесе одлука да бидам именуван за Директор на Царинската управа. Се заблагодарувам за искажаната доверба и Ве уверувам дека ќе работиме исклучиво во интерес на граѓаните, институцијата и на Македонија“, нашиша вчера Николовски.

Николовски пред две години е избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Тој на последните парламентарни избори беше избран и за пратеник во Собранието со мандат од 2024-2028 година.

Државнта комисија за спречување корупција го обајави и неговиот анкетен лист.

Тој пријавил стан во Куманово стекнат со купопродажен договор, со вредност од 50.000 евра, гража од 6.000 евра, автомобил „пасат“ од 7.000 евра, заедничка семејна заштеда од околу 30.000 евра и речиси толкав износ на кредит земен во 2020 година, а кој ќе треба да го оптплатува до 2040 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот