Со бомби нема да нè скршите, вразумете се, вели рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов Валери Шарифулин/ТАСС

Рускиот амбасадор во Америка, Анатолиј Антонов, им порача на американските политичари „да се вразумат“ во врска со посетата на Володимир Зеленски. Тој истакна дека Русија нема да се откаже од барањето да се почитуваат нејзините национални интереси.

„Ги повикуваме американските политичари „да се вразумат“, да сфатат дека Русија никогаш нема да се откаже од барањето да се почитуваат нејзините национални интереси. Како што покажа историјата, нема да нè скршите со ракети и бомби“, им рекол Антонов на новинарите, коментирајќи ја посетата на Володимир Зеленски на фабриката за оружје во Пенсилванија, која предизвика многу критики и кај американската јавност, јавуваат српските медиуми.

Амбасадорот посочи дека Америка се обидува да ја искриви вистината со изјави дека Русија не сака мир и не се ни обидела да го достигне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот