Случајот со Синер не е затворен: Италијанецот може да биде суспендиран и до две години

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба во случајот на Јаник Синер до Меѓународниот суд за спортска арбитража.

Од ВАДА бараат Италијанецот да биде суспендиран во период помеѓу 12 и 24 месеци.

„ВАДА смета дека заклучокот „без вина или невнимателност“ не е исправен и не во склоп со важечките правила. ВАДА бара суспензија од една до две години. ВАДА не бара дисквалификација на било какви резултати, освен оние за кои веќе првостепениот суд донесе одлука. Со оглед на тоа дека ќе се чека одговорот од Меѓународниот суд, ВАДА нема да дава никакви дополнителни коментари во овој момент“, стои во соопштението на оваа организација.

Ќе потсетиме, Синер на Индијан Велс беше позитивен на клостебол, но и покрај тоа учествуваше на САД Опен кој и го освои. Меѓународната агенција за интегритет во тенисот го прогласи за невин во случајот.

Вината беше префрлена на неговиот физиотерапевт кој користел спреј за повреда на прстот и на тој начин при масажа го контаминирал и телото на Синер. Кога случајот беше објавен во јавноста Синер ги отпушти двајцата физиотерапевти со кои соработуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот