Словенија не е интересен пазар за авиокомпаниите

Авион
Авион, илустрација / Фото: EPA-EFE/ANA ESCOBAR

На јавниот тендер за поголема воздушна поврзаност во Словенија, објавен во средината на август, не е поднесена ниту една апликација. Така, бројот на воспоставени приклучоци се зголеми на четири од првиот тендер кој беше објавен лани во април.

Следниот тендер Министерството за инфраструктура ќе го објави во текот на оваа година, пишува Сеебиз. Предмет на јавниот конкурс е доделување државна помош на авиокомпании за почеток на нови линии за превоз на патници до словенечките аеродроми.

Авиокомпаниите кои ги исполнуваат условите за кофинансирање се дефинирани со Програмата за поголема воздушна поврзаност што ја изработи Министерството за инфраструктура со Министерството за економија, туризам и спорт. Програмата предвидува субвенционирање на 50 отсто од аеродромските такси на трите меѓународни аеродроми Брник, Марибор и Порторож за превозници кои ќе воспостават летови на редовни линии.

Подобните превозници ќе добиваат субвенции врз основа на квартални извештаи за летовите и бројот на превезени патници. Досега се објавени пет тендери, а целта им е поврзување со Луксембург, Рига, Мадрид и Копенхаген.

Во меѓувреме, Министерството за инфраструктура го подготвува шестиот тендер, кој ќе биде објавен за да истече рокот пред почетокот на зимско-летната сезона 2024/2025 година, односно на крајот на октомври, објави СТА. За огласот навремено ќе бидат информирани сите потенцијално заинтересирани страни, а секако и јавноста, додаваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот